.RU
Карта сайта

Почитуван г-дин Претседател на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски

Почитуван Г-дин Претседател на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски,

Дами и господа министри,

Почитувани пратеници во Собранието на Република Македонија,

Почитувани судии и јавни обвинители,

Уважени гости и граѓани на Кочани,



Дозволете во оваа свечена пригода да ве поздравам и да ви се заблагодарам за вашето присуство на денешниов настан по повод реконструкцијата и реновирањето на Основниот суд Кочани.

Реновирањето на овој суд е само еден сегмент од севкупните активности на Владата на Република Македонија и на Министерството за правда насочени кон подобрување на условите во судовите во Република Македонија. Во рамките на Проектот на Светската банка завршена е реконструкцијата на девет судови и тоа Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Прилеп, Велес, Штип, Струмица и Кочани со проширена надлежност на повеќе од 28000 м2. Се реновираат и Основните судови во Битола и Гостивар. Исто така, наскоро очекуваме да започне со изградба новиот кривичен суд во Скопје, во кој ќе биде сместен и Одделот за судење на организиран криминал и корупција со површина од над 8200 метри квадратни.

Тука ќе споменам само дел од останатите реализирани активности, кои меѓу другото вклучуваат:

Извршени се градежни работи за санирање на тековните проблеми на скоро сите судски објекти ширум земјата.

Покрај проектите за реновирање и реконструкција на судовите, интензивно работиме и на хармонизирање на нашето законодавство во областа на правосудството со она на Европската унија. Целта на овие активности е да зајакнеме независноста и уште повеќе да ја зголемиме ефикасноста на судството. Дозволете да нагласам дека изминативе години изготвивме голем број закони во областа на правосудството од кои 100 беа усвоени од Собранието на Република Македонија, 6 закони се наоѓаат во второ и прво читање во Собранието, подготвивме повеќе од 111 подзаконски акти и околу 500 информации. Исто така, посебен акцент ставаме и на имплементацијата на донесените закони. Изминативе години формиравме десет нови институции кои се целосно функционални и ги извршуваат своите надлежности.

Почитувани дами и господа,

Ми претставува особено задоволство да констатирам дека најновите статистички податоци за работата на судовите покажуваат исклучителни успеси во спроведувањето на реформата во судството. Имено, во сите судови во Република Македонија, приливот на нови предмети на крајот на 2006 година спореден со истиот период од 2009 година е намален за 226738 предмети или за 26 %. Во основните судови приливот на нови предмети на крајот на 2006 година спореден со истиот период од 2009 година е намален за 233940 предмети или за 28 %. Исто така, постигнат е значителен напредок и во однос на намалувањето на нерешените предмети. Така, бројот на нерешените предмети во сите судови во Република Македонија на крајот на 2006 година во споредба со истиот период од 2009 е намален за 184608 предмети или за 22%, додека пак бројот на нерешените предмети во основните судови на крајот на 2006 година во споредба со истиот период од 2009 е намален за 197046 предмети или за 23%. Вкупниот обем на работа во судовите во 2009 година спореден со 2006 е намален за 418792 предмети или за 24%.

Наведениот прогрес во реформата на правосудниот систем е констатиран и во Извештајот на Европската комисија од 2009 година. Сево ова претставува наше големо задоволство, но во исто време и потстрек за уште поинтензивни реформски активности чија главна цел е овозможување на граѓаните услови за поефикасна заштита на човековите права.

Цврсто сме определени да истраеме на патот кон Европската унија и НАТО, што претставува особен интерес за граѓаните нa Република Македонија.

Благодарам !

Министер за правда

Михајло Маневски


Дадаць дакумент у свой блог ці на сайт 2014-07-19 18:44
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • © sanaalar.ru
    Образовательные документы для студентов.