.RU
Карта сайта

Врз основа на член 4 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик ("Службен весник на Република Македонија" број 51/2011), Законодавно-правната - старонка 4

Изборната комисија на градот Скопје утврдената единствена листа веднаш ја доставува до Државната изборна комисија.

6. Објавување на утврдените листи

Член 69

(1) Државната изборна комисија утврдената единствена листа на кандидат за избор на претседател на Републиката ќе ја објави најдоцна 30 дена пред денот на одржувањето на изборите во “Службен весник на Република Македонија”.

(2) Државната изборна комисија утврдените единствени листи на кандидати за пратеници во изборните единици ќе ги објави во дневниот печат од кој еден е на јазикот на заедницата што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, најдоцна 25 дена пред денот определен за одржување на изборите.

(3) Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи во рок од 48 часа ќе ги достави до ДКП утврдените единствени листи заради јавно објавување.

(4) Општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје утврдените единствени листи на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник ќе ги огласи најдоцна 25 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките места во општината.

(5) Општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје утврдените единствени листи на кандидати за пратеници ќе ги објават во избирачките места во општините за кои се надлежни.

(6) Утврдените листи на кандидати во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се објавуваат покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

VI. ИЗБОРНА КАМПАЊА

    1. Организатор на изборната кампања

Член 69-а

(1) За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на организаторот на кампањата, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

(2) Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Член 70

  1. Подносителот на листа на кандидати чии листи на кандидати за избор на претседател на Републиката, пратеници, членови на совет, односно листа на кандидати за градоначалник се потврдени од надлежната изборна комисија, имаат право да организираат изборна кампања (во натамошниот текст: организатори на изборната кампања).

  2. Организаторите на изборната кампања имаат право на рамноправен пристап и под еднакви услови да ги користат сите видови на политичка пропаганда, известување и други облици на пропаганда чија цел е да се влијае на одлуката на избирачите при гласањето.

  3. Странски правни и физички лица не можат да организираат изборна кампања.

Член 71

  1. Организаторот на изборната кампања во банка во Република Македонија задолжително отвора жиро-сметка со назнака “за изборна кампања”, во рок од 48 часа по потврдувањето на листата на кандидати и во тој рок од 48 часа, доказот за отворена жиро-сметка се доставува до надлежната изборна комисија.

  2. Ако организаторот на изборната кампања не отвори жиро-сметка во предвидениот рок потврдената листа за кандидати се поништува со решение од надлежната изборна комисија.

  3. Кога организатор на изборната кампања е група избирачи, потписник на жиро-сметката е овластениот претставник на подносителот на листата.

  4. Организаторот на изборната кампања на жиро-сметката од ставот (1) на овој член, ќе ги депонира сите средства добиени од правни или физички лица за финансирање на изборната кампања.

  5. Сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на жиро-сметката за изборната кампања.

  6. Жиро-сметката од ставот (1) на овој член се затвора откако ќе бидат исплатени средствата од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на општините и градот Скопје за секој добиен глас на изборите.

Член 72

  1. За законитоста на спроведувањето на изборната кампања е одговорен организаторот на изборната кампања.

  2. Организаторот на изборната кампања е одговорен и за оние дејствија на изборната кампања за кои ќе овласти други лица.

Член 73

  1. Кандидатите имаат право, ако во времето на изборната кампања, односно во настапите или пропагандните известувања на одделни организатори на изборната кампања им се повредуваат правата (со попречување и оневозможување на кампањата на противкан-дидатите), веднаш да покренат постапка за заштита на своите права пред надлежниот ос-новен суд.

  2. По барањето за заштита на правата, основниот суд ќе одлучи во рок од 48 часа од денот на поднесувањето на барањето.

  3. Против одлуката на основниот суд може да се изјави жалба во рок од 48 часа од денот на приемот на одлуката до надлежниот апелационен суд.

  4. Надлежниот апелационен суд одлучува во рок од 48 часа од денот на поднесувањето на жалбата.

  5. Правосилната одлука веднаш се објавува во јавните гласила.

Член 74

Од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на Советот на општините и Градот Скопје не може да се врши никаква вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош или други исплати од буџетски средства или средства од јавни фондови.

2. Медиумско претставување

Член 75

(1) Советот за радиодифузија по претходно прибавено мислење од Државната изборна комисија донесува Правилник за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања и Правилник за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборната кампања, и ги објавува во „Службен весник на Република Македонија“.

(2) Со Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања се пропишуваат содржини кои се сметаат за изборно медиумско претставување и кои не се дозволени во периодот пред започнување на изборната кампања, како и начинот на однесување на радиодифузерите од денот на распишување на изборите до денот определен за започнување на изборната кампања.

(3) Со Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборната кампања се пропишуваат облиците на изборно медиумско претставување за време на изборната кампања, начинот на обезбедување на рамноправен пристап во претставувањето на учесниците во изборниот процес во сите облици на изборно медиумско претставување и начинот на известување за време на изборниот молк во програмите на радиодифузерите.

(4) Радиодифузерите се должни да постапуваат согласно со прописите од ставот (1) на овој член.

(5) Радиодифузерите се должни на нивните програми да обезбедат рамноправен пристап во изборното медиумско претставување за време на изборната кампања на сите учесници во изборниот процес во согласност со Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања.

Член 75-а

(1) За време на изборната кампања, радиодифузерите кои ги покриваат изборите можат да емитуваат 15 минути дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за платено политичко рекламирање, од кои за еден учесник во изборната кампања можат да одвојат најмногу 10 минути.

(2) Радиодифузерите и печатените медиуми се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на изборните програми и на кандидатите на учесниците во изборниот процес.

(3) Во периодот од утврдување на ценовниците до започнување на изборната кампања, медиумите се должни најмалку двапати, јавно да ги објават ценовниците од ставот (2) на овој член, на своите програми, односно во своите печатени изданија.

(4) Ценовниците не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања.

(5) Печатените медиуми се должни ценовниците од ставот (2) на овој член да ги достават до Државната изборна комисија и Државниот завод за ревизија во рокот утврден од ставот (3) на овој член, а радиодифузерите и до Советот за радиодифузија на Република Македонија.

(6) Радиодифузерите и печатените медиуми во Република Македонија се должни на сите учесници во изборниот процес да обезбедат рамноправен пристап за платено политичко рекламирање.

Член 76

(1) Платеното политичко рекламирање мора да биде соодветно и видливо означено како „платено политичко рекламирање“ и јасно одвоено од другите содржини на медиумите.

(2) Во сите облици на платеното политичко рекламирање нарачателот на рекламирањето мора да биде јасно означен.

(3) Не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање.

(4) Радиодифузерите не смеат да емитуваат платено политичко рекламирање во вести, посебни информативни програми, образовни и програми за деца, и во преноси од верски, спортски, културни, забавни и други настани.

(5) Јавниот радиодифузен сервис не смее да емитува платено политичко рекламирање.

.

3. Медиумско следење

Член 76-а

(1) Јавниот радиодифузен сервис е должен, без надоместок, во соработка со Државната изборна комисија да ги информира граѓаните за начинот и техниката на гласање и да емитува други информации поврзани со изборниот процес.

(2) За време на изборната кампања, Јавниот радиодифузен сервис е должен да емитува бесплатно политичко претставување на учесниците во изборниот процес во согласност со Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања.

Член 76-б

(1) Советот за радиодифузија е должен да го следи изборното медиумско претставување и програмскиот сервис на радиодифузерите во Република Македонија од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на гласањето на денот на одржувањето на изборите.

(2) Советот за радиодифузија е должен, по утврдувањето на неправилностите, да покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд против радиодифузерот кој ги повредил одредбите од овој законик.

4. Испитување на јавното мислење

Член 77

(1) Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите.

(2) При објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, медиумите се должни да наведат податоци за името на нарачателот кој го побарал и го платил испитувањето, институцијата што го извршила испитувањето, применетата методологија, големината и структурата на испитаниот примерок и периодот во кој е спроведено испитувањето.

5. Изборни плакати

Член 78

  1. Изборни плакати е дозволено да се истакнуваат без надоместок на места што ги утврдува општината, односно градот Скопје.

  2. Општината и градот Скопје имаат обврска да ги обележат местата од ставот (1) на овој член, за секој подносител на листи одделно.

  3. Општината и градот Скопје можат да утврдат и дополнителни места за истакнување на изборни плакати со надоместок.

  4. Дел од средствата од ставот (3) на овој член општината и градот Скопје, непосредно по завршувањето на изборите, се должни да ги искористат за отстранување на сметот направен за време на изборната кампања.

  5. Општината и градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати, најдоцна 50 дена пред одржувањето на изборите.

  6. Општината и градот Скопје се должни да обезбедат еднакви услови за сите организатори на изборната кампања при истакнувањето на плакати на утврдените места.

  7. Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот.

  8. Не е дозволено истакнување на плакати од кампањата на објектите каде што се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.

Член 79

  1. Уништување на изборни плакати или лепење плаката врз плаката на други организатори на изборната кампања е забрането.

  2. Организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите.

6. Предизборни собири

Член 80

  1. Предизборните собири се јавни.

  2. За одржување на редот на собирите се грижи органот надлежен за внатрешни работи.


Член 81

Организаторот на изборната кампања за организирање на предизборен собир на јавни места и на места каде што се одвива јавен превоз, писмено го известува органот надлежен за внатрешни работи, преку неговата подрачна единица, најдоцна 48 часа пред денот на одржувањето на собирот.

Член 82

  1. Предизборните собири не смеат да се одржуваат во воени објекти, верски објекти, болници, домови за стари лица, училишта, детски градинки и други јавни институции.

  2. По исклучок, на организаторите може да им биде дозволено да одржуваат предизборни собири во просториите на училишта, или културни центри, доколку во општината нема друг објект за да се одржи собирот.

  3. Дозволата за одржување предизборни собири ја дава одговорното лице на установата под еднакви услови за сите организатори на изборната кампања.

  4. За потребите на изборната кампања не е дозволено да се користат просториите, опремата или другиот имот што е наменет за работа на државните органи и органите на општината и градот Скопје.

  5. По исклучок, можат да се користат просториите на органите од ставот (4) на овој член, доколку во местото не постојат никакви други соодветни простории за потребите на изборната кампања.

  6. Дозволата ја дава одговорното лице на органот под еднакви услови за сите организатори на изборната кампања.

7. Финансирање на изборите

Член 83

  1. Изборната кампања не смее да се финансира од:

  1. Изборната кампања може да се финансира од:

  1. Изборната кампања може да се финансира од донации од физички и правни лица во вид на пари, ствари и услуги чија вредност не смее да го надмине износот утврден со ставот (2) алинеи 2 и 3 на овој член.

  2. Ако висината на донацијата е поголема од износот утврден во ставот (2) алинеи 2 и 3 од овој член организаторот на изборната кампања е должен во рок од пет дена од денот на добивањето на донацијата, разликата меѓу дозволената и донираната вредност да ја префрли во Буџетот на Република Македонија.

  3. Ако не може да се утврди потеклото на донацијата, организаторот на изборната кампања е должен во рок од пет дена од денот на добивањето на донацијата донираната вредност да ја префрли во Буџетот на Република Македонија.

Член 83–а

  1. Како донација од членот 83 на овој закон се смета и:

  1. Продавачот на стоката, односно давателот на услугата е должен да го извести
    организаторот на изборната кампања за пазарната цена на продадената стока, односно
    извршената услуга и за тоа му доставува фактура.

  2. Разликата меѓу пазарната вредност и платената вредност се смета за донација.

  3. Јавните претпријатија се должни да понудат еднакви цени за своите услуги кон сите учесници на кампањата преку официјални ценовници.

  4. Радиодифузерите и печатените медиуми попустите во цените кои ги даваат за политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања се сметаат за донација изразена во парична вредност.

Член 83–б

  1. Организаторот на изборната кампања за време на изборната кампања води регистар на донации со следниве податоци:

  1. Регистарот на донации се води на образец пропишан со правилник што го донесува министерот за финансии, во кој се утврдуваат формата, содржината и начинот на водењето на регистарот на донации.

Член 84

При финансирањето на изборната кампања, организаторот на изборната кампања може да потроши најмногу до 180 денари по запишан избирач во изборната единица, односно општината за која има поднесено листа на кандидати, односно листа на кандидат.

Член 84-а

Од денот на донесувањето на одлука за распишување на изборите се до денот на завршувањето на изборите, државните органи и органите на општините и на градот Скопје не смеат да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, односно од буџетите на општините и на градот Скопје .

Член 84-б

(1) Организаторот на изборната кампања е должен единаесеттиот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и расходите на жиро–сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања.

(2) Организаторот на изборната кампања е должен еден ден по завршување на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања за втората половина од изборната кампања.

(3) Извештаите од ставовите (1) и (2) на овој член се поднесуваат на образец пропишан од министерот за финансии во кој се содржани податоците за име односно назив на донаторот, вид и вредност на донации, датум на добивање на донации и расходите за секоја донација и приходи и расходи за време на изборната кампања.

(4) Извештаите се поднесуваат до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, кои се должни да ги објават на своите веб страници.

8. Финансиски извештај

Член 85

(1) Организаторот на изборната кампања е должен веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на завршување на изборната кампања да поднесе вкупен финансиски извештај за изборната кампања.

(2) Финансискиот извештај за изборната кампања се поднесува на образецот од член 84-б став (3) на овој законик.

(3) Финансискиот извештај се поднесува до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Собранието на Република Македонија, а за локалните избори и до советот на општината и советот на градот Скопје.

(4) Финансискиот извештај од ставот (3) на овој член Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата јавно ги објавуваат на своите веб страници.

(5) Организаторот на изборната кампања на група избирачи, вишокот од собраните средства ќе го подари во добротворни цели.

(6) Државниот завод за ревизија доколку утврди неправилности во финансискиот извештај на организаторот на изборната кампања, кои се спротивни на одредбите на овој законик поднесува барање за поведување на прекршочна постапка или пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од 30 дена од денот на утврдувањето на неправилностите.

Член 85–а

  1. Радиодифузерите и печатените медиуми во Република Македонија се должни да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од организаторите на изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа.

  2. Извештајот од ставот (1) на овој член се поднесува најдоцна 15 дена по денот на завршување на изборната кампања.

  3. Извештајот од ставот (1) на овој член се поднесува до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, кои се должни да го објават на своите интернет страници.

  4. Извештајот од ставот (1) на овој член се поднесува на образец пропишан од министерот за финансии.

Член 85–б

Ревизорските извештаи од извршената ревизија на финансиските извештаи на организаторите на изборната кампања Државниот завод за ревизија ги објавува на својата веб страница во рокот утврден со закон.

9. Надомест на трошоците за избори

Член 86

  1. Право на надоместок на трошоци за избори имаат организаторите на изборната кампања од чии листи на кандидати се избрани кандидат за претседател на Републиката, кандидати за пратеници, членови на совет, односно кандидат за градоначалник во висина од 15 денари по добиен глас.

  2. Право на надоместок на трошоци за избори имаат организаторите на изборна кампања од чии листи на кандидати не е избран кандидат за претседател на Републиката, кандидат за пратеник, кандидат за член на совет, односно кандидат за градоначалник во висина од 15 денари по добиен глас ако освоиле најмалку 1,5% од вкупниот број гласови од излезените граѓани на ниво на Републиката, изборната единица односно општината.

  3. Надоместокот на трошоците за избори ќе се исплати од Буџетот на Република Македонија, односно од буџетот на општината и на градот Скопје најдоцна во рок од три месеца по поднесувањето на финансискиот извештај за изборната кампања врз основа на извештајот на Државната изборна комисија за спроведените избори.

  4. Надоместокот на трошоците за избори се определува со одлука на Собранието, советот на општината и на градот Скопје.

Член 87

Надлежниот орган врз основа на одлуката од членот 86 став (4) на овој законик ќе донесе решение за неисплаќање на надоместок на трошоците на организаторите на изборната кампања во согласност со членот 85 став (6) од овој законик.

VII. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

1. Средства за спроведување на изборите

Член 88

  1. Средствата за спроведување на изборите се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и со нив располага Државната изборна комисија.

  2. Од средствата наменети за изборите две третини служат за покривање на трошоците поврзани со изборните дејствија на органите за спроведување на изборите.

  3. Една третина од средствата за спроведување на изборите служи за покривање на дел од трошоците што ги направиле организаторите на изборната кампањата чии кандидати се избрани.

  4. За спроведување на локалните избори средства се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, а средства за изборниот материјал се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и со нив располага Државната изборна комисија.


2. Изборен материјал

Член 89

Изборниот материјал за спроведување на изборите се состои од:

Член 90

  1. Упатството за гласање се истакнува на видно место на гласачкиот параван и на други видни места на гласачките места во согласност со Упатството издадено од Државната изборна комисија. Упатството е печатено на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазиците и писмата на заедниците наведени во Преамбулата на Уставот на Република Македонија.

  2. Листите на кандидати ќе бидат истакнати во просторијата за гласање.

3. Предавање на изборниот материјал

Член 91

  1. Државната изборна комисија изборниот материјал го предава на општинските изборни комисии најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите.

  2. Државната изборна комисија изборниот материјал за гласање во ДКП го предава на овластено лице во Министерството за надворешни работи најдоцна десет дена пред денот на одржување на изборите.

(3) Министерството за надворешни работи изборниот материјал на ДКП го доставува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по приемот.

(4) За предавањето на изборниот материјал се составува записник во кој треба посебно да се наведе вкупниот број на гласачки ливчиња со сериските броеви и потребниот број листи на кандидати што се истакнуваат во просториите за гласање.

Член 92

  1. Општинската изборна комисија е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на избирачките одбори на територијата на Република Македонија.

  2. За предавањето на изборниот материјал од општинската изборна комисија на избирачките одбори се составува записник во кој треба да се наведе вкупниот број на гласачки ливчиња со сериските броеви и друг материјал потребен за гласање.

  3. Записникот го потпишуваат претседателот и членовите на избирачкиот одбор и членот на општинската изборна комисија кој го предава материјалот.

  4. Ако присутните претставници на подносителите на листи имаат забелешки за предавањето на изборниот материјал, тие имаат право да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

  5. Ако на присутните претставници на подносителите на листи не им бидат евидентирани забелешките од ставот (4) на овој член во записникот, имаат право забелешките да ги до-стават до општинската изборна комисија во рок од 5 часа по потпишувањето на записникот.

  6. При предавање на изборниот материјал право на присуство имаат и овластените набљудувачи.


4. Гласачко ливче

Член 93

  1. Гласачкото ливче се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

  2. Името на подносителот на листата, името и презимето на кандидатот, односно носителот на листата се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

  3. За припадниците на заедниците, името на подносителот на листата и името и презимето на кандидатот, односно носителот на листата се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на заедницата на која тие припаѓаат.

  4. Во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, гласачките ливчиња за избори се печатат покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

Член 94

  1. На гласачкото ливче ако има кандидати, односно носители на листа со исто име и презиме, тогаш се наведува и почетната буква на нивното средно име.

  2. На гласачкото ливче кандидатите, односно подносителите на листите се наведени по оној редослед кој е утврден во единствената листа на кандидати.

  3. Гласачкото ливче содржи дел за гласање и дел кој останува на кочанот.

За претседател на Републиката

Член 95

  1. Делот од гласачкото ливче за гласање за избор на претседател на Републиката содржи:

  1. Делот од гласачкото ливче што останува на кочанот на блокот го содржи серискиот број на гласачкото ливче, општината односно седиштето на ДКП и бројот на гласачкото место.

  2. Во називот на гласачкото ливче е содржано знамето на Република Македонија.

За пратеници

Член 96

  1. Делот од гласачкото ливче за гласање за избор на пратеници содржи:

  1. Делот од гласачкото ливче кој останува на кочанот на блокот содржи сериски број на гласачкото ливче, бројот на изборната единица, општината и бројот на гласачкото место.

  2. Во називот на гласачкото ливче се содржани бројот на изборната единица и знамето на Република Македонија.

За членови на совет

Член 97

  1. Делот од гласачкото ливче за гласање за избор на членови на совет содржи:

  1. Делот од гласачкото ливче кој останува на кочанот на блокот ги содржи серискиот број на гласачкото ливче, општината и бројот на гласачкото место.

  2. Во називот на гласачкото ливче за избор на членови на советот се содржи името на општината, односно градот Скопје за кои се врши изборот.

За градоначалник

Член 98

  1. Делот од гласачкото ливче за гласање за избор на градоначалник содржи:

  1. Делот од гласачкото ливче кој останува на кочанот на блокот содржи сериски број на гласачкото ливче, општината и бројот на гласачкото место.

  2. Во називот на гласачкото ливче за избор на градоначалник се содржи името на општината, односно градот Скопје за кои се врши изборот.


5. Гласачко место

Член 99

  1. За секое избирачко место се определува местото (просторија во објектот) на кое се врши гласањето (во натамошниот текст: гласачко место).

  2. Во просторијата во местото определено за гласање се истакнуваат листите на кандидати.

Член 100

  1. Претседателот и членовите на избирачкиот одбор најдоцна еден час пред почетокот на гласањето се собираат во просторијата за гласање и утврдуваат:

  1. Избирачкиот одбор составува записник за утврдената состојба, кој го потпишуваат претседателот и членовите на одборот.

  2. Забелешките на претседателот и членовите на избирачкиот одбор се констатираат во записникот.

  3. Ако овластените присутни претставници на подносителите на листите имаат забелешки, претседателот е должен да им овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

  4. Ако забелешките на овластените присутни претставници на подносителите на листите од ставот (4) на овој член не им бидат евидентирани во записникот, имаат право забелешките да ги достават до општинската изборна комисија во рок од 5 часа по потпишувањето на записникот.

  5. Право на присуство при утврдувањето на состојбата пред почетокот на гласањето имаат и овластените набљудувачи.

6. Времетраење на гласањето

Член 101

  1. Гласањето започнува во 7,00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот, a во ДКП се почитува временската разлика во земјата, односно од 7,00 до 19,00 часот согласно со сметањето на времето во соодветната земја.

  2. Во 19,00 часот гласачкото место се затвора, а на избирачите кои се затекнале во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат.

  3. Избирачкиот одбор може да го затвори гласачкото место и пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член, по претходна согласност од надлежната општинска изборна комисија, ако гласале сите избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список но не започнува со броење на гласовите пред 19,00 часот.

7. Обезбедување на гласачкото место

Член 102

  1. Полицијата го обезбедува гласачкото место непрекинато почнувајќи од 6,00 часот до 19,00 часот.

  2. По затворањето на гласачкото место, за време на сумирањето на резултатите полицијата го обезбедува објектот и просторијата во која е сместено гласачкото место и избирачкиот одбор и ги отстранува сите неовластени лица од објектот.

  3. Полицијата го обезбедува избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје, ако е тоа побарано од страна на избирачкиот одбор.


8. Надлежност на избирачкиот одбор за време на гласањето

Член 103

  1. Избирачкиот одбор се грижи за одржување на редот и мирот на гласачкото место.

  2. Избирачкиот одбор може да го отстрани секое лице кое го нарушува редот и мирот на гласачкото место.

  3. Објектот во кој е сместено гласачкото место и приодот до него за време на спроведување на гласањето го обезбедува полиција.

  4. Избирачкиот одбор може да побара помош од полицијата за воспоставување ред на гласачкото место.

  5. Никој не смее да дојде на гласачкото место вооружен, освен полицијата во случајот предвиден во ставовите (3) и (4) на овој член.

  6. Во објектот и просторијата каде што се изведува гласањето и во нејзина близина, избирачкиот одбор во соработка со полицијата е должен да ги отстрани пропагандните материјали.

  7. Полицијата по барање на претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор е должна да ги отстрани неовластено присутните лица во објектот и просторијата за гласање, како и неовластено присутните лица од објектот каде што се изведува гласањето во радиус од 100 метра.

Член 104

  1. Избирачкиот одбор може да го прекине гласањето, ако на гласачкото место се наруши редот сé додека тој не се воспостави.

  2. Гласањето може да се прекине и во случај на временски непогоди или други вонредни околности.

  3. Избирачкиот одбор ќе го прекине гласањето ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба или ако таа е повикана и не се одзвала на повикот.

  4. Претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор може да ја повика полицијата во просторијата каде што се гласа доколку има потреба од тоа.

  5. Ако гласањето е прекинато подолго од 1 час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од 3 часа.

  6. Причините за прекинот на гласањето и времето за кое гласањето се прекинало се внесуваат во записникот.

9. Права и обврски на подносителите на листи и овластените набљудувачи за време на гласањето

Член 105

  1. Претставниците на подносителите на листите, доколку имаат забелешки на работата на избирачкиот одбор за време на гласањето, можат да укажат на неправилностите, со цел тие да бидат отстранети.

  2. Претседателот на избирачкиот одбор е должен на присутните претставници на подносителите на листите, ако имаат забелешки, да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

  3. Ако забелешките од ставот (2) на овој член на претставниците на подносителите на листи не се евидентирани во записникот, тие имаат право да ги достават до општинската изборна комисија во рок од 5 часа по потпишувањето на записникот.

  4. Акредитираните набљудувачи, доколку имаат забелешки на работата на избирачкиот одбор имаат право да ги евидентираат во дневникот на избирачкото место.

  5. Претставниците на подносителите на листите и aкредитираните набљудувачи можат од непосредна близина да го следат утврдувањето на идентитетот на избирачот кој пристапува на гласање.

Член 106

(1) Претседателот, членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори, односно избирачките одбори за гласање во ДКП и нивните заменици, како и претставниците на подносителите на листи и набљудувачите за време на гласањето и на местото на гласањето не смеат да носат ознаки или симболи на политичка партија, коалиција или кандидат.

(2) Овластените претставници на подносителите на листи за време на гласањето и на местото на гласањето носат беџ со бројот на избирачкото место за кое се овластени.

(3) Избирачкиот одбор може да го отстрани секое лице кое при гласањето користи мобилен телефон или апарат за сликање на гласачкото ливче.

10. Гласање

Член 107

  1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Македонија и во ДКП.

  2. Гласање за друго лице е забрането, освен во случаите предвидени во членот 111 од овој законик.

Утврдување на идентитетот на гласачот

Член 108

  1. Избирачите пристапуваат да гласаат еден по еден.

  2. Кога избирачот пристапува да гласа избирачкиот одбор проверува дали избирачот е на соодветното гласачко место и со ултравиолетова ламба проверува дали има небришлив белег на ноктот и палецот на десната рака.

  3. Кога избирачот пристапува да гласа избирачкиот одбор го проверува неговиот личен идентитет.

  4. Личниот идентитет избирачот го докажува со лична карта или патна исправа.

  5. Избирачкиот одбор, по утврдувањето на идентитетот на избирачот, го заокружува неговиот реден број во изводот од Избирачкиот список и избирачот го става својот потпис, а ако е неписмен става отпечаток од десниот показалец. Ако избирачот нема десен показалец, тој ќе стави отпечаток од неговиот лев показалец, а доколку нема ни лев показалец, не се става отпечаток.

  6. По идентификацијата, избирачот добива гласачко ливче и му се обележува со спреј палецот на десната рака, односно палецот на левата рака, доколку нема палец на десната, притоа внимавајќи со спрејот да се опфати и ноктот на палецот. Ако избирачот нема палец на двете раце нема да се врши обележување.

11. Начин на гласање

Член 109

  1. Гласањето се врши со едно гласачко ливче за секој вид на избори утврдени со овој законик.

  2. Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот.

  3. На избирачот му се објаснува начинот на гласањето и му се овозможува да гласа.

  4. Избирачот гласа истовремено кога се одржуваат два или повеќе видови на избори или референдумско изјаснување.

Член 110

Избирачот гласањето го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред подносителот на листата, односно редниот број пред кандидатот за којшто се определил да гласа и гласачкото ливче преклопено го става во кутијата за гласање.

Гласање на немоќно или болно лице

Член 111

  1. Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице според упатството на Државната изборна комисија), а сака да гласа, за тоа ќе ја извести општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје најдоцна три дена пред денот определен за гласање.

  2. Известувањето од ставот (1) на овој член може да се даде и преку полномошник.

  3. Избирачкиот одбор на лицето од ставот (1) на овој член ќе му овозможи да гласа во неговиот дом еден ден пред одржувањето на изборите на начин со кој се обезбедува тајноста на гласањето.

  4. Избирачкиот одбор за гласањето од ставот (3) на овој член обезбедува посебна кутија за гласање која се носи празна во домот каде што се наоѓа избирачот.

  5. Гласањето од ставот (3) на овој член избирачкиот одбор го внесува во записникот.

  6. За денот и часот на гласањето од ставот (3) на овој член претседателот на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје писмено ги известува претставниците на подносителите на листите.

Гласање на избирач кој не може да гласа сам

Член 112

  1. Избирачот кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со овој законик, има право со себе да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето.

  2. Ако избирачот од ставот (1) на овој член не доведе со себе лице кое ќе му помогне при гласањето, тогаш избирачкиот одбор ќе определи друго лице од редот на избирачите.

  3. Лицето кое ќе му помага на друго лице при гласањето не смее да биде од редот на членовите на избирачкиот одбор, претставниците на подносителите на листите или набљудувачите.

  4. Едно исто лице може да помогне при гласањето најмногу на двајца избирачи од ставот (1) на овој член.

  5. Избирачкиот одбор на лицето од ставовите (1) и (2) на овој член ќе му укаже дека со неговата помош не треба да влијае врз одлуката на избирачот.

  6. Гласањето од ставот (1) на овој член избирачкиот одбор го внесува во записникот.

Гласање на избирачи кои се на отслужување на воениот рок, воена вежба, на издржување казна затвор или во притвор

Член 113

  1. Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, гласаат во казнено-поправните домови.

  2. Општинската изборна комисија е должна по добивиње на списоците за избирачите од ставот(1) на овој член, веднаш да ги достави до казнено-поправните домови каде што избирачите се на издржување казна затвор или се во притвор.

  3. За избирачите од ставовите (1) и (2) на овој член изборите ги спроведува избирачкиот одбор од најблиското избирачко место или посебен избирачки одбор согласно со овој законик и упатството на Државната изборна комисија, еден ден пред денот определен за гласање, а за гласањето се известуваат и претставниците на подносителите на листите заради нивно присуство на гласањето.

  4. За гласањето од ставот (3) на овој член избирачкиот одбор составува посебни записници.

  5. Записниците и изборниот материјал по завршувањето на гласањето се доставуваат до соодветните општински изборни комисии.

Член 113–а

  1. Избирачите кои на денот на гласањето се на привремена работа или престој во странство гласаат во ДКП односно конзуларните канцеларии еден ден пред денот на одржувањето на изборите во Република Македонија.

(2) Гласањето во странство се спроведува во ДКП или конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство:

Република Албанија –Тирана;

Република Австрија- Виена која ги покрива Словачката Република и Јапонија;

Австралија-Камбера и Мелбурн;

Кралство Белгија-Брисел која го покрива Големото Војводство Луксембург;

Босна и Херцеговина-Сараево;

Република Бугарија-Софија која ја покрива и Република Молдавија;

Канада-Отава и Торонто;

Народна Република Кина-Пекинг која ги покрива Демократска Народна Република Кореја, Монголија и Социјалистичка Република Виетнам;

Република Хрватска-Загреб;

Кралство Данска – Копенхаген;

Арапска Република Египет-Каиро;

Република Естонија-Талин;

Француска Република -Париз и Стразбур која ја покрива Португалската Република;

Сојузна Република Германија-Берлин , Бон и Минхен;

Република Грција-Атина и Солун;

Република Унгарија-Будимпешта;

Индија-Њу Делхи;

Италија –Рим и Венеција која ја покрива Малта;

држава Израел-Тел Авив;

Света Столица Ватикан ;

Кралство Холандија-Хаг;

Република Полска-Варшава;

Романија-Букурешт;

Руска Федерација – Москва која ја покрива Република Белорусија;

Република Србија-Белград;

Република Словенија-Љубљана;

Кралство Шпанија-Мадрид;

Кралство Шведска-Стокхолм која ја покрива Република Финска;

Швајцарска Конфедерација-Берн и Женева која го покрива Принципатот Лихтенштајн;

Република Турција-Анкара и Истанбул која ги покрива Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Република Казахстан, Киргистанската Република, Азербејџанската Република и Република Узбекистан;

Украина-Киев;

Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска-Лондон која ги покрива Ирска и Република Исланд;

САД-Вашингтон, Детроид, Чикаго и Њујорк;

Држава Катар-Доха;

Црна Гора-Подгорица;

Чешка Република-Прага;

Република Косово-Приштина и

Кралство Норвешка-Осло.

(3) Државната изборна комисија е должна веднаш по добивањето на изборниот материјал да го достави на ДКП преку Министерството за надворешни работи.

(4) За избирачите од ставот (1) на овој член изборите ги спроведуваат избирачките одбори за гласање во ДКП.

(5) Избирачките одбори за гласање во ДКП составуваат записници.

(6) Гласачките ливчиња се ставаат во посебни коверти на кои е назначено седиштето на ДКП и изборната единица и се запечатуваат.

(7) Записниците, запечатените коверти и другиот изборен материјал по завршувањето на гласањето избирачките одбори преку Министерството за надворешни работи ги доставуваат до Државната изборна комисија.

(8) Државната изборна комисија врши сумирање и утврдување на резултатите од гласањето во странство.

12. Сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на гласачките места

Член 114

Резултатите од гласањето на гласачкото место од страна на избирачкиот одбор се сумираат и утврдуваат на начин што:

Важечко гласачко ливче

Член 115

  1. Гласачкото ливче е важечко ако е во согласност со членот 110 од овој законик.

  2. За важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидат, односно листа на кандидати избирачот гласал.

  3. Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено повеќе листи на кандидати или кандидат.

Записник за гласање

Член 116

  1. Избирачкиот одбор во записникот за гласање ги внесува следниве податоци: редниот број на избирачкото место; бројот на решението за формирање на избирачкиот одбор; времето на започнувањето и завршувањето на гласањето; вкупниот број на избирачи во избирачкото место според изводот од Избирачкиот список; вкупниот број на избирачи кои гласале; вкупниот број на болни и немоќни лица кои гласале; вкупниот број на гласачки ливчиња ставени во гласачката кутија; вкупниот број на гласачки ливчиња што не се употребени и вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња и вкупниот број гласови кои ги добила секоја листа на кандидати одделно.

  2. Записникот содржи посебен табеларен дел за сумирањето и утврдувањето на резултатите од избирачкото место.

  3. Во записникот се внесуваат и забелешки дадени од членовите на избирачкиот одбор.

Член 117

  1. Записникот го потпишуваат претседателот и членовите на избирачкиот одбор.

  2. Записникот е важечки ако е потпишан од мнозинството членови на избирачкиот одбор чии потписи се депонирани.

  3. Претседателот на избирачкиот одбор треба да ги наведе причините за непотпишување на записникот од член на одборот.

  4. Ако записникот не е потпишан од мнозинството членови на избирачкиот одбор, записникот го составува и потпишува општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје, врз основа на целокупниот изборен материјал.

  5. Претседателот на избирачкиот одбор е должен на присутните претставници на подносителите на листите ако имаат забелешки, да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

  6. Ако забелешките на претставниците на подносителите на листите од ставот (5) на овој член не се евидентирани во записникот, тие имаат право да ги достават до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 5 часа од составувањето на записникот и тие забелешки можат да бидат основа за приговор.

  7. Акредитираните набљудувачи, доколку имаат забелешки, имаат право да ги евидентираат во дневникот на избирачкото место.

Предавање на изборниот материјал на општинската изборна комисија

Член 118

  1. Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбор ги доставува до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје, во рок од 5 часа по завршувањето на гласањето.

  2. Примерок од записниците направени како копија под индиго добива секој претставник на подносителот на листата, а aкредитираните набљудувачи примерок од табеларниот дел од записникот. Оригиналниот примерок, кој претходно е со печат од Државната изборна комисија, се доставува до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје.

  3. Избирачкиот одбор веднаш по завршувањето на дејствијата од ставовите (1) и (2) на овој член ги објавува и истакнува сумираните резултати од извршеното гласање на гласачкото место.

  4. Изборниот материјал до општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје го доставува претседателот на избирачкиот одбор во придружба на заинтересирани членови на избирачкиот одбор, или претставници на подносителите на листите и претставници од полицијата, ако за тоа има потреба.

  5. За предавањето на материјалот од ставот (1) на овој член се составува посебен записник.

Член 118-а

(1) Записниците и другиот изборен материјал од гласањето во ДКП избирачкиот одбор му ги предава на надлежното лице од ДКП кое го определува Државната изборна комисија (во натамошниот текст: надлежно лице од ДКП) во рок од пет часа по завршување на гласањето. За ова предавање се составува посебен записник.

(2) Примерок од записниците од гласање во ДКП направени како копија под индиго добива секој претставник на подносителот на листата, а овластените акредитирани набљудувачи добиваат примерок од табеларниот дел од записникот. Оригиналниот примерок кој претходно е со печат од Државната изборна комисија се доставува до надлежното лице од ДКП.

(3) Надлежното лице од ДКП е должно записникот од гласањето во ДКП, целокупниот изборен материјал од гласњето во ДКП и еден примерок од посебниот записник од ставот (1) на овој член веднаш по дипломатска пошта да ги достави до Државната изборна комисија.

13. Сумирање и утврдување на резултатите од гласањето за избор на претседател на Републиката

Член 119

(1) Општинската изборна комисија во рок од 5 часа од приемот на целокупниот изборен материјал од избирачките одбори ги сумира резултатите од гласањето за листата на кандидати од избирачките места за која е надлежна и ги предава на Државната изборна комисија.

(2) За својата работа општинската изборна комисија составува записник.

(3) Во записникот за гласањето се внесуваат податоци за сумираните гласови од гласањето, редниот број на избирачките места во изборната единица за која е надлежна, вкупниот број на избирачи за тие избирачки места запишани во изводите од Избирачкиот список, вкупниот број на избирачи што гласале, вкупниот број на болни и немоќни лица кои гласале, вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња и вкупниот број на гласови што ги добила секоја листа на кандидати од избирачките места за кои таа општинска изборна комисија е надлежна.

(4) Во записникот се внесуваат и забелешките дадени од членовите на општинската изборна комисија.

Член 119-а

(1) Записникот од членот 119 на овој законик го потпишуваат претседателот и членовите на општинската изборна комисија.

(2) Записникот е важечки ако е потпишан од мнозинството членови на општинската изборна комисија.

(3) Претседателот на општинската изборна комисија е должен да ги наведе причините за непотпишување на записникот од член на комисијата.

(4) Претседателот на општинската изборна комисија е должен на присутните претставници на подносителите на листите ако имаат забелешки, да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

(5) Примерок од записникот добива и секој претставник на подносителот на листата, а акредитираните набљудувачи добиваат примерок од табеларниот дел од записникот.

Прв круг

Член 120

За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список.

Втор круг

Член 121

  1. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател на Републиката не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.

  2. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.

(3) За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите.

Повторување на гласањето

Член 122

  1. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

  2. Ако за претседател на Републиката е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

Изјава

Член 123

  1. Пред преземањето на должноста, најдоцна во рок од десет дена од денот на објавувањето на конечните резултати, но не порано од денот на престанок на мандатот на претходниот претседател, претседателот на Републиката дава и потпишува свечена изјава пред Собранието, која гласи:

„Изјавувам дека функцијата претседател на Република Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно, ќе го почитувам Уставот и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.”

  1. Изјавата од ставот (1) на овој член претседателот на Република Македонија, избран врз основа на избори за претседател поради престанок на мандатот, ја дава во рок од три
    дена од денот на објавувањето на конечните резултати.

14. Сумирање и утврдување на резултатите од гласањето за избор на пратеници

Член 124

Општинската изборна комисија во рок од 5 часа од приемот на целокупниот изборен материјал од избирачките одбори за кои таа е надлежна ги сумира резултатите од гласањето за листите на кандидати од избирачките места на соодветната изборна единица.

Записник за гласањето

Член 125

  1. За својата работа општинската изборна комисија составува записник.

  2. Во записникот за гласањето се внесуваат податоци за сумираните гласови од гласањето, и тоа: редниот број на избирачките места во изборната единица за која е надлежна, вкупниот број на избирачи за тие избирачки места запишани во изводите од Избирачкиот список, вкупниот број на избирачи што гласале, вкупниот број на болни и немоќни лица кои гласале; вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња и вкупниот број на гласови што ги добила секоја листа на кандидати на ниво на изборна единица од избирачките места за кои таа општинска изборна комисија е надлежна.

Член 126

  1. Записникот од членот 125 на овој законик го потпишуваат претседателот и членовите на општинската изборна комисија.

  2. Записникот е важечки ако е потпишан од мнозинството членови на општинската изборна комисија.

  3. Претседателот на општинската изборна комисија треба да ги наведе причините за непотпишување на записникот од член на комисијата.

  4. Ако присутните претставници на подносителите на листите имаат забелешки, претседателот на општинската изборна комисија е должен на присутните претставници на подносителите на листите, ако имаат забелешки, да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

  5. Примерок од записникот добива и секој претставник на подносителот на листата, а акредитираните набљудувачи примерок од табеларниот дел од записникот.

15. Утврдување на резултатите и распределба на мандатите за избор на пратеници

Член 127

  1. Државната изборна комисија ги сумира и ги утврдува вкупните резултати од гласањето во изборните единици.

  2. Државната изборна комисија резултатите од гласањето ги утврдува врз основа на записниците со сумираните резултати од надлежната општинска изборна комисија и целокупниот изборен материјал.

  3. Државната изборна комисија резултатите ги утврдува одделно за секоја изборна единица, според бројот на вкупните гласови што ги добиле листите на кандидати одделно врз основа на сумираните резултати од општинската изборна комисија за избирачките места во изборната единица за која е надлежна.

  4. Утврдувањето на резултатите од изборите се врши со примена на Д’Хондт-овата формула.

  5. По утврдувањето на вкупниот број дадени гласови за тој број на кандидати во изборната единица (таканаречена избирачка маса), секоја листа одделно се дели со низот делители 1, 2, 3, 4 итн. сé додека не се распределат според определениот принцип сите пратенички места во изборната единица.

  6. Количниците од делењето од ставот (5) на овој член се редат по големина при што се релевантни онолку најголеми количници колку што се избираат пратеници во изборната единица.

  7. Листата на кандидати добива толкав број на пратенички места колку што има најголеми количници од бројот на количниците од ставот (6) на овој член.

  8. Ако во доделувањето на последното пратеничко место се јават два идентични количника, мандатот се доделува со ждрепка.

  9. При распределбата на пратеничките места за избрани се сметаат онолку кандидати колку што места добила листата.

(10) Од листата на кандидати се избрани кандидатите наведени во листата според утврдениот редослед.

Член 127-а

(1) Државната изборна комисија ги сумира и ги утврдува вкупните резултати од гласањето во трите изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.

(2) За пратеник е избран кандидатот кој добил поголем број на гласови од избирачите кои гласале 2014-07-19 18:44
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • © sanaalar.ru
    Образовательные документы для студентов.